[ВИДЕО] Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: Досега најмалку 622 загинати

Макфакс

01/09/2025

10:35

2.276

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од 1.500 се повредени, соопштија официјални лица, додека хеликоптери ги превезуваат ранетите на безбедно од урнатините додека тие бараа преживеани.

Катастрофата ќе го зголеми притисокот врз јужноазиската земја, која веќе се бори со хуманитарни кризи, од нагло намалување на странската помош до присилно враќање на многу нејзини граѓани од соседните земји.

Земјотресот со јачина од 6,0 степени повреди повеќе од 1.500 лица, а уби 622, соопшти Министерството за внатрешни работи на Авганистан, кое е под контрола на Талибанците. Претходно, државната телевизија РТА го објави бројот на жртви на околу 500.

Во главниот град Кабул, здравствените власти соопштија дека спасувачите брзаат да стигнат до оддалечените села расфрлани низ регион со долга историја на земјотреси и поплави.

Во меѓувреме, беше објавена снимка од надзорната камера од разорниот земјотрес.

Силното тресење е снимено од надзорна камера во покраината Кунар, која многу настрада во земјотресот.

Објавено е уште едно видео од Авганистан, но не е прецизирано каде точно е снимено.