[ФОТО] Вучиќ реагираше на статија на „Гардијан“, ја објавија во рубриката „писма од читатели“

Макфакс

01/09/2025

08:14

1.375

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на статија во „Гардијан“, а британскиот весник ја објави неговата реакција во рубриката „писма од читатели“, објавува „Нова.рс“.

Како што пишува „Нова.рс“, за писмото на Вучиќ, за „Н1“ зборуваше аналитичарот за меѓународни односи Мирко Даутовиќ, истакнувајќи дека неговиот одговор е објавен во печатеното издание на „Гардијан“ во викенд-додатокот, на седмата страница во рубриката „писма од читатели“.

Некои од темите во овој рубрика вклучуваат проблеми со трендот на блек метал музиката, мислења за интервјуто со Ник Клег (пензиониран британски политичар и поранешен лидер на либералните демократи), а тука е и рубриката „Кантри дневник“, или, како што го опишува „Гардијан“, „дневни извештаи од село и природа“.

Како што потсетува Нова.рс, во статија објавена од „Гардијан“ на 25 август се наведува дека „демонстрантите заслужуваат поголема поддршка и солидарност од ЕУ отколку што добиваат“. „Гардијан“ го оцени присуството на Вучиќ во политиката на Западен Балкан како „малигно“.


Според „Гардијан“, авторитарниот одговор на протестите – кои се проширија во малите градови – придонесе за пад на јавната доверба во лидер кој ја користеше моќта на државата за да им служи на сопствените политички интереси. Тие исто така напишаа дека на Србија ѝ се потребни „слободни и фер избори и соборување на авторитарниот режим од изминатата деценија“.

Во својот одговор, Вучиќ оцени дека Србија е длабоко посветена на Европа. Во статијата, исто така, се наведува дека во изминатите девет месеци се одржани 23.000 неовластени собири.

„Повеќето од нив беа мали, понекогаш само неколку десетици луѓе, но го нарушија секојдневниот живот, ја запреа владата и неодамна станаа насилни. Повеќе од 170 полицајци беа повредени. И покрај ова, полициските акции останаа ограничени, воздржани и насочени само кон оние кои оштетија имот или нападнаа полицајци“, рече Вучиќ.