Гујаш: Украина не е достојна да биде во ЕУ

Макфакс

25/08/2025

19:34

336

Големина на фонт

а а а

Унгарија очекува Европската комисија и Украина да ги исполнат своите безбедносни обврски во врска со нафтоводот „Дружба“, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергеј Гујаш.

„Украина се обврза, како трета земја и кандидат за членство во Европската унија, да обезбеди снабдување со енергија за сите земји од ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка“, рече Гујаш на брифингот во Владата.

Тој потсети дека на 27 јануари 2025 година, Европската комисија ѝ достави на Будимпешта писмени гаранции за безбедноста на инфраструктурата неопходна за снабдувањето со енергија на Унгарија.

„Очекуваме сите да ги почитуваат своите обврски и правила, и ЕУ и Украина“, нагласи Гујаш.

Покрај тоа, тој остро го критикуваше Киев, оценувајќи дека Украина не е достојна да стане членка на Европската унија затоа што „разнесува гасоводи во државите на заедницата и го напаѓа нафтоводот што ги снабдува индустриските компании“.

„Статусот на членка на ЕУ е неприфатлив за земја која сака да ја загрози енергетската безбедност на земјите-членки на ЕУ со дејствија како што е дигање во воздух на гасовод во трета земја“, рече Гујаш, осврнувајќи се на вмешаноста на украинските специјални служби во саботажата на гасоводот „Северен тек“.