[ВИДЕО] Голем пожар во пристаниште во Хамбург: одекнуваат експлозии, автопатот е затворен

Макфакс

25/08/2025

20:32

425

Големина на фонт

а а а

Попладнево голем пожар избувна во пристаништето во Хамбург, најголемото во Германија. Густиот црн облак од чад над Хамбург може да се забележи од километри наоколу.

Експлозиите во складот ​​активираа голем број полициски и противпожарни екипи во градот, парализирајќи неколку населби и автопати за време на шпицот, објави Билд.

Во 15:31 часот беше пријавен пожар во складот. Наводно, автомобил се запалил во бродската компанија. Експлозии се слушнале од боци со гас, кои наводно содржат азотен оксид.

Според непотврдени информации, во пожарот има повредени, пренесува медиумот.

Полицијата го затвори пристаништето, а бројни противпожарни бригади беа испратени на местото на настанот, но не можеа да стигнат до пожарот поради експлозиите.