[ВИДЕО] На руската телевизија пуштена забранета снимка: Целата нација подолго од еден час ги гледала снимките кои Путин „ги криел“

Точка

25/08/2025

21:23

2.021

Големина на фонт

а а а

„Сајбер партизани“ наводно ја хакирале руската телевизија и емитувале снимки кои откриваат детали од фронтот во Украина, како и некои за внатрешната ситуација во земјата, изјавил извор од украинската воена разузнавачка служба (ХУР) за Киев Индепендент“.

Видеото кое ја прикажува кризата со горивото во Русија, недостигот на вода во окупираните делови од регионот Донецк, украинските напади врз рафинериите за нафта и воените загуби на Русија, наводно било емитувано истовремено на 116 телевизиски канали на Денот на независноста на Украина.

Прекинато емитување на руските телевизии

„Поминаа три и пол години војна, а рускиот претседател Владимир Путин не освои целосно ниту еден украински регион. Украина останува независна“ се наведува во видеото.

Изворот на „Киев Индепендент“ тврди дека „локалните сајбер партизани“ исто така го блокирале пристапот на администраторите на провајдерот, што им го отежнало прекинувањето на емитувањето на оваа содржина.

Се вели дека најмалку 50.000 гледачи во Москва и другите руски региони го виделе видеото кое траело повеќе од три часа. Преносот се појавил и на апликации преку „Apple Store“, „Google Play, Smart TV и други кабелски мрежи.

Хакерите често извршуваат напади

Украинските хакери редовно напаѓаат и руски онлајн платформи откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година.


Во јули, сајбер експертите од ХУР наводно извршија голем сајбернапад врз мрежната инфраструктура на рускиот енергетски гигант Газпром, предизвикувајќи значителни нарушувања.