[ВИДЕО] Поранешен ограбувач откри: Ова се нештата кои го прават вашиот дом лесна мета за провалници

Точка

13/08/2025

13:26

2.089

Големина на фонт

а а а

Поранешен ограбувач ги сподели клучните совети за заштита на домот, истакнувајќи една грешка што речиси сите ја прават, а која го претвора нивниот дом во лесна мета.

Кражбите со провала се почести во лето бидејќи луѓето одат на патувања, а домовите остануваат без надзор. За среќа, постојат голем број чекори што можете да ги преземете за да ги одвратите крадците, дури иако немате скап безбедносен систем. Како дел од соработката со полицијата, која често ангажира поранешни затвореници за да помогне во намалувањето на стапките на криминал, Мајкл Фрејзер, поранешниот ограбувач кој стана водечки експерт за безбедност сподели свои совети.

Внимавајте на провала со одвлекување на вниманието

Во видео снимено за полицијата на Западен Мидлендс, Фрејзер откри што да направите ако не сте сигурни кој е пред вашата врата. „Држете ја вратата заклучена и ставете синџир. Ако некој што не го познавате затропа на вашата врата, замолете го да ја стави својата лична карта под неа. На тој начин можете да го проверите. Ако сè уште не сте сигурни, не го пуштајте внатре“, објасни тој.

Неговиот совет е јасен: не дозволувајте странци да влезат во вашиот дом и не им откривајте никакви информации за себе или за вашиот дом. Најбезбедно е да побарате лична карта под вратата и да проверите за кого се работи пред да ги пуштите внатре.

Полицијата на Западен Мидлендс се надоврза на неговиот совет: „Погрижете се вашите прозорци да бидат затворени, чувајте ги вредните предмети подалеку од видокруг и инвестирајте во пристојна брава – сето ова се брзи и лесни начини да се одврати опортунистички криминалец“.

Четири фатални грешки за само неколку минути

Во друго видео Фрејзер демонстрираше колку им е лесно на крадците да ги извршат грабежите. Со „GoPro“ камера на главата, тој случајно избрал куќа и за само четири минути забележал четири големи грешки на сопственикот.

Имено во кантата за ѓубре пронашол писмо со лични податоци на станарот. „Тоа е класична грешка, писмо со податоци за сопственикот, внимавајте на тие работи“, предупреди Фрејзер.


Потоа, кантите биле наредени блиску до ѕидот, создавајќи „скали“ до отворен прозорец на горниот кат. Фрејзер, исто така, без проблем успеал да влезе во задниот двор (кој не бил заклучен), каде што пронашол отклучена шупа со велосипеди и палки за голф – лесен плен за секој крадец.

„Ова се само неколку примери за тоа како несвесно им ја олеснуваме работата на крадците“, истакна Фрејзер.