Брајан Трејси е канадско-американски мотивациски говорник кој уште во 1986 година открил едноставен метод за решавање на секој проблем. А методот е – осаменост во траење од 30 до 60 минути.
„Изолирајте се. Седнете во тишина. Седете сами, без цигари и кафе, без музика и телевизор. Седете тивко сами со себе од 30 до 60 минути. Повеќето луѓе никогаш не седеле сами со себе во целосна тишина 30 минути во целиот свој живот. Можам да ви кажам дека овој метод функционира 100% од времето и секој проблем, секоја цел што сакате да ја решите, што ве предизвикува – ќе биде решен само со осамување од 30 до 60 минути и слушање на тој внатрешен глас. Тоа е клучот. Ќе забележите дека за 25 до 30 минути, вашиот мозок ќе биде целосно бистар и бум, ќе дојдете до решение“,тврди Трејси.
Осамување како метод за решавање проблеми
Методот на Брајан Трејси е сличен на медитацијата. Поентата е длабоко и темелно да се размислува за проблемот без одвлекување на вниманието од никого или нешто однадвор. Темата што ве мачи ќе се појави природно. Дозволете вашите мисли да течат и сами ќе го пронајдете најдоброто решение.
Како што никој друг не може да ја одработи вашата задача, никој не може да го реши проблемот што само вие го имате. Затоа, изолирајте се и решете го проблемот.
7 чекори до успех на Брајан Трејси
Трејси стана многу популарен поради неговите сега добро познати чекори до успех, а еве за што се работи:
1. Одлучете што сакате. Што точно сакате во вашиот живот? Кажете си го тоа.
2. Запишете ја вашата желба. Јасно и без обиколување, ставете ја вашата желба на хартија.
3. Одредете го датумот до кој сакате таа желба да се оствари. Тоа е датумот за постигнување на целта.
4. Направете список – Што треба да направите за тоа да се реши и што никогаш не треба да правите, бидејќи тоа ве оддалечува од целта…
5. Преземете акција – погледнете го тој список на она што треба да го направите и почнете да решавате едно по едно.
6. Правете нешто секој ден – Секој ден направете нешто ќе ве доближи до вашата цел.
7. Вежби за акција – Размислете за она што го посакувате во животот, што ви е важно, неопходно за вас и следете ги горенаведените чекори за да го добиете она што го сакате.