[ФОТО] Овој автомобил нуди 820 км досег, 586 КС и огромен екран - на стаклото

Точка

10/08/2025

10:06

2.440

Големина на фонт

а а а

Се појавија нови детали и фотографии од иновативната спортска лимузина „P7“ на „Xpeng“, а како што се претпоставуваше, овој модел значително се разликува од сѐ друго на пазарот на електрични возила. Иако продажбата на лимузини не е на нивоата како порано, модели како „Xiaomi SU7“ и новиот „Xpeng P7“ докажуваат дека сѐ уште постои голем интерес за вакви автомобили, пишува „Carscoops“.

Надворешниот дизајн на новиот „P7“ може да се опише како радикален. Предниот дел е доминиран од остра „LED“ светлосна лента со целосна ширина, опкружена со вертикални дневни светла за драматичен прв впечаток. Слична тема продолжува и на задниот дел, каде што се наоѓа соодветна светлосна лента, вертикално поставени задни светла и закривено стакло кое го заменува класичниот капак на багажникот.


Технолошки напреден кокпит

Внатрешноста можеби е уште поинтересна од надворешноста, а сега е детално прикажана за првпат. Лимузината е опремена со масивен 87-инчен „head-up“ екран со проширена реалност („AR“ ), истиот оној што „Xiaomi“ неодамна го претстави во „SUV“ моделот „G7“. Екранот се протега преку ветробранското стакло и на возачот му проектира информации во слоеви, слично на екран во борбен авион. Туку е и спортски трокрачен волан со тркалца во стилот на „AMG“ за брза промена на режимите на возење и други функции.

Високотехнолошката атмосфера ја дополнува и посебното внимание посветено на амбиенталното осветлување, додека централниот инфотејнмент екран е поставен на табла што може да се навалува кон возачот. Веднаш зад воланот е поставена тенка дигитална инструментална табла. Спортските седишта доаѓаат со активни странични потпори кои се надувуваат за цврсто да го држат возачот во остри кривини, што е карактеристика позната од некои врвни германски спортски модели.


Перформанси, досег и полнење

Новиот „P7“ ќе биде достапен со две батерии: пакет од 74,9 „kWh“ и поголема верзија од 92,92 „kWh“. Стандардниот модел има еден електричен мотор на задниот дел кој развива 362 „KS“ (270 „kW“). За оние кои бараат подобро прилепување и перформанси, тука е верзијата со погон на сите тркала која додава преден мотор од 224 „KS“ (167 „kW“), со што вкупната моќност расте на импресивни 586 „KS“ (437 „kW“).

„Xpeng“ цели на многу конкурентен досег. Основниот модел ветува до 702 км со едно полнење, додека верзијата со погон на задните тркала и поголема батерија нуди дури 820 км. Варијантата со погон на сите тркала постигнува сѐ уште одлични 750 км.


Иако времето за полнење не е официјално потврдено, „P7“ ќе поддржува стандард за брзо полнење „5C“, исто како и „SUV“ моделот „G7“. Тоа значи дека само 10 минути на полначот може да обезбедат до 436 км дополнителен досег. Со своите димензии (должина 5.017 мм, ширина 1.970 мм, висина 1.427 мм), „P7“ е многу сличен на „Tesla Model S“.

Цените сѐ уште не се објавени, но со оглед на трендовите кај кинеските производители, се очекува „P7“ да има агресивна цена, што може да ги натера западните купувачи да преиспитаат што добиваат за своите пари.