Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, Македонија никогаш нема да ве заборави!

Нетпрес

08/08/2025

12:51

427

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски со порака на социјалните мрежи ја одбележа годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, во кој животот го загубија македонски војници.

„Слава за хероите од Карпалак.

Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува.

Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети.

Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.

Македонија никогаш нема да ве заборави!

Карпалак е рана, но и аманет“, пишува Мицкоски во својата објава.

Слава за хероите од Карпалак.

Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува.

Нека...

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, August 8, 2025