„Белите дробови на планетата“ во опасност: Сечата на шуми зголемена во последните 12 месеци, а пожарите допрва доаѓаат

Точка

08/08/2025

15:45

464

Големина на фонт

а а а

Сечата на шуми во бразилскиот регион Амазон е зголемена за четири отсто во периодот од август 2024 до јули оваа година, соопшти Министерството за животна средина и климатски промени на таа земја.

Вкупно се уништени 449,5 хектари, во споредба со 432,1 хектар во претходните 12 месеци, пренесе бразилски „Globo“.


„DETER“ ги пресмета податоците

Податоците ги пресметал Националниот институт за вселенски истражувања („INPE“), користејќи го системот „DETER“, кој помага во идентификувањето на активната сеча на шуми.

Министерката за животна средина, Марина Силва, изјави дека сечата на шуми „до одреден степен се стабилизирала“, но нагласи дека целта на бразилската влада е да ја елиминира сечата до 2030 година.


Закана во август

Се очекува сезоната на пожари во Амазон наскоро да се интензивира.

Историски гледано, август е месец со втор најголем број пожари.

Од почетокот на годината до 6 август се регистрирани 7.738 пожари, што претставува намалување од 74 отсто во споредба со истиот период минатата година, кога биле забележани 30.354 пожари.