Најдобрата порака од Вирџинија Вулф за која и самата била „глува“ е нејзиниот парадокс: Седум мисли кои имаат моќ да променат нечиј живот

Точка

05/08/2025

14:02

918

Големина на фонт

а а а

Британската писателка Вирџинија Вулф е една од клучните фигури на модернизмот и авторка на неколку романи полни со автобиографски детали, од кои најпозната е секако „Госпоѓа Даловеј“ од 1927 година.

Таа е позната и по своите феминистички ставови кои ги изнесувала во своите есеи, но, за жал, остана запаметена и по тоа што имала бројни психички проблеми, нервни кризи, и што извршила самоубиство давејќи се во река.

И покрај сите контроверзии, таа неверојатна жена остави значајни дела и мисли за луѓето, жените, животот, книжевноста... Беила една од ретките писателки која живеела од пишување, имала романси со жени, а своите романи ги печатела во сопствена печатница.


Пред речиси 84 години, му оставила проштална порака на својот сопруг Леонард дека ѝ се влошила душевната состојба, се упатила кон реката крај куќата... Кога мажот ѝ стигнал таму, го нашол нејзиниот стап како плови.

Овие неколку славни реченици и денес се мотив за голем број луѓе ширум светот:

1. „Не умирајте пред навистина да умрете.“

2. „Не губете се себеси, не губете надеж, не губете ја насоката.“

3. „Останете живи, со целото свое битие, со секоја клетка од вашето тело, со секое влакно на вашата кожа.“

4. „Живејте, учите, проучувајте, размислувајте, градете, измислувајте, создавајте, зборувајте, пишувајте, сонувајте, сакајте…“

5. „Останете живи, останете живи во себе, останете живи однадвор, исполнети со боите на светот, исполнети со мир, исполнети со надеж.“


6. „Останете живи со радост.“

7. „Има само едно нешто во животот што не треба да се троши залудно, а тоа е самиот живот.“