„Секој ден го јадев ова и во 36-та година го уништив црниот дроб: Ми рекоа дека нема лек, а потоа исфрлив неколку намирници од исхраната“

Точка

01/08/2025

11:35

4.511

Големина на фонт

а а а

Ники од Велс откри дека има замастен црн дроб иако немала вишок килограми. Ги променила исхраната и навиките – еве како се изборила со „NAFLD“.

Кога на 36-годишна возраст на Ники од Велс ѝ била дијагностицирана неалкохолна масна болест на црниот дроб („NAFLD“), таа не губела време. Иако немала вишок килограми ниту била дебела, била свесна дека мора нешто да промени – почнувајќи од исхраната и секојдневните навики.

„NAFLD“ е состојба што настанува поради акумулација на масти во црниот дроб, и иако често се поврзува со алкохол, овде причината е сосема спротивна – алкохолот не е главниот виновник. Во најголем дел од случаите, причините се нездравата исхрана и седентарниот начин на живот, пишува „Daily Mail“.

„Луѓето мислат дека замастениот црн дроб се јавува само кај дебели лица, но тоа не е точно. Кај мене главниот проблем беше исхраната – премногу шеќер, масна и индустриски обработена храна, малку зеленчук и премалку движење“, раскажала Ники, која своето искуство го споделува на социјалните мрежи.

Промени што ѝ го спасиле здравјето

Веднаш по дијагнозата, Ники одлучила радикално да го промени начинот на живот. Првиот чекор бил исфрлање на обработената храна, значително намалување на внесот на сол и масти, а речиси целосно го исфрлила шеќерот од исхраната – што, како што вели, ѝ бил најтешкиот чекор.

„Бев зависна од слатки. Сега јадам повеќе овошје и зеленчук, а избегнувам достава на храна и готови јадења од маркет. Сè готвам сама.“

Покрај промената во исхраната, вовела секојдневна физичка активност – најмалку половина час пешачење или лесни вежби секој ден. Експертите се согласуваат дека токму физичката активност е клучна за подобрување на функцијата на црниот дроб.

„Не постои таблета што ја лекува оваа болест. Единствениот вистински лек е промена на начинот на живот“, порачува Ники.



Не била единствена

Откако јавно ја споделила својата приказна, ѝ се јавиле стотици луѓе со слично искуство. Некои штотуку дознале за дијагнозата, додека други веќе биле во фаза на закрепнување.

„Мене ми открија замастен црн дроб сосема случајно, додека правев ултразвук поради други тегоби“, напишал еден корисник. „Од тогаш ослабев 12 килограми, го променив начинот на исхрана и се надевам на најдоброто.“

Многумина споделувале совети и рецепти: повеќе зеленчук, помалку шеќер, здрави протеини (риба, пилешко), леб од цели зрна и многу вода.

Болест без симптоми, но со сериозни последици

Во почетните фази, замастенииот црн дроб често не дава никакви симптоми, но може да напредува во сериозни оштетувања на црниот дроб, па дури и во цироза – трајна лузна на ткивото на црниот дроб што може да го загрози животот.

Раните симптоми, кога се појават, вклучуваат:

• непријатност или болка во горниот дел од стомакот

• хроничен умор

• губење на апетит

• необјаснето губење на телесната тежина

Дијагнозата обично се поставува со тестови на функцијата на црниот дроб и ултразвук, а во некои случаи е потребна и дополнителна дијагностика – како преглед со „Fibroscan“ што го мери степенот на оштетување.


Предупредување од експертите

Новите истражувања предвидуваат дека бројот на случаи на рак на црниот дроб предизвикани од „NAFLD“ може да се удвои до 2050 година. Сè поголем број заболени од рак на црниот дроб немаат никаква поврзаност со алкохол, туку со исхраната и метаболизмот.