Жени кои пијат 1 до 3 шолји кафе дневно поздраво стареат: Нивото на кофеин директно поврзано со долговечноста

Точка

30/07/2025

14:46

721

Големина на фонт

а а а

Студија на „Harvard“ откри дека нивото на кофеин што го внесувате во текот на денот укажува на здравјето и долговечноста кај жените.

Нова студија спроведена на речиси 50.000 жени постари од 30 години додава тежина на децениските истражувања за здравствените придобивки од кафето.

Познато е дека редовното консумирање кафе позитивно влијае на здравјето на срцето и продолжувањето на животниот век, а сега овие сознанија се дополнително продлабочени.

Д-р Сара Махдави, истражувачка од „Harvard“, откри дека пиењето кафе може дури и да придонесе за здраво стареење кај жените.

„Резултатите укажуваат дека кафето со кофеин, за разлика од чајот или кафето без кофеин, може уникатно да ги поддржи патеките на стареење што ги зачувуваат менталните и физичките функции“, рече Махдави, соработничка на Школата за јавно здравје „T.H. Chan“ при „Harvard“.


Оваа научна студија, презентирана на годишниот состанок на „American Society for Nutrition“, сè уште не е објавена ниту поминала рецензија од колеги.

Сепак, истражувачите тврдат дека нивните наоди се робусни (цврсти и доверливи).

Студијата следела голема група од 47.000 жени во текот на неколку децении, почнувајќи од 1984 година. Анализирани се нивните здравствени податоци и навиките за пиење кафе.


До 2016 година, само 3.706 учеснички биле се сметало дека „здраво стареат“. Критериумите за дефинирање на здраво стареење биле:

• Возраст од 70 или повеќе години,

• Отсуство на 11 хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак,

• Пријавување на позитивно ментално здравје,

• Способност за одржување на физичката функција,

• Отсуство на проблеми со меморијата или когнитивни нарушувања.


Истражувачите исто така ги земале предвид и адаптирале резултатите за други фактори на животниот стил, како што се пушењето, зачестеноста на вежбањето и исхраната.

Учесничките биле прашани и колку често пијат кафе, чај и „Coca-Cola“ или „Pepsi“ (сите тие можат да бидат извори на кофеин).

Студијата откри дека жените што пиеле најмалку една шолја кафе дневно имале поголеми шанси да бидат меѓу оние што здраво старееле.

Уште повеќе, кај жените што здраво старееле, секоја дополнителна шолја кафе дневно била поврзана со 2 до 5 проценти поголема шанса за добро стареење, достигнувајќи врв при околу пет мали шолји дневно.

Накратко, големата студија покажа дека секојдневното пиење кафе може да биде поврзано со здраво стареење кај жените, дури и по земањето предвид на другите животни навики.

Иако наодите се ветувачки, важно е да се спомене дека трудот сè уште не поминал целосна научна рецензија.