Штипјанец пијан возел низ градот со автомобил, полицијата го приведе

Макфакс

27/07/2025

14:50

130

Големина на фонт

а а а

Дебарски полициски службеници лишиле од слобода жител на Штип, кој управувал патничко моторно возило со 1,81 промили алкохол во крвта.

Денеска во 01:15 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Д.В.(32) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки, и при извршено алкотестирање констатирале дека тој го управувал возилото со 1,81 промили алкохол во крвта, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Штипјанецот веднаш бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Димоски информираше, дека во рамки на засилените сообраќајни контроли во патниот сообраќај, од синоќа во 23:00 до утрово во 5:00 часот на подрачјето што го покрива ОВР Дебар, полициските службеници затекнале тројца возачи кои управуваме моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози.