Рано изутринава, околу 01:00 часот, на регионалниот пат кај селото Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 40-годишен маж.
Како што информираат од ОВР Струга, патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од Р.В. од селото Долна Белица, излетало од коловозот откако возачот изгубил контрола врз возилото.
Повредениот возач бил итно пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Струга, а полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.