Фотографија од магнети во Будва ги разбесни луѓето на социјалните мрежи

Точка

18/07/2025

19:51

1.906

Големина на фонт

а а а

Колку би платиле за магнет како сувенир од летување во Црна Гора?

Социјалните мрежи избувнаа откако страницата „Подгорички Времеплов“ објави фотографија на сталак со магнети за фрижидер во една сувенирница во Стариот град Будва, над кои беше залепена цена од 20 евра.

Фотографијата брзо се прошири и на платформата X, со коментар:

„Во Будва магнет за фрижидер чини 20 евра. Туризмот кој има за цел да исцеди максимум од секој гостин, без мера и разум, не е одржлив.“


Коментарите на корисниците не престануваат: „Затоа ни е сезоната ваква, срамота. Сме си замислиле дека сме Монако“, „Во Италија 1 евро … срамота.“

Некои сепак се обидоа да ја „бранат“ Будва, тврдејќи дека станува збор за изолиран случај и дека магнети можат да се најдат и за 1 евро во продавниците и долж шеталиштето, пренесува "nova.rs".

Сепак, во споредба со светските метрополи како Барселона, Рим или Атина, каде магнетите се продаваат за 2 до 3 евра, оваа цена во Будва многумина им се чини сосема нереална.