[ВИДЕО] Снимка со неверојатна цена за пешкир од Дубровник кружи на интернет: „Не е грешка …“

Точка

17/07/2025

20:44

3.854

Големина на фонт

а а а

На прв поглед, многумина во коментарите помислиле дека станува збор за грешка – можеби цената е изразена во куни, или пак некој по грешка додал некоја бројка.

Цените на основните производи нè изненадуваат секојдневно, а туристите кои го посетуваат Дубровник доживуваат ист, ако не и поголем шок. Така една туристка во продавница во Дубровник налетала на пешкир што се продава по неверојатни 106,99 евра, пренесува „Дубровачки весник“.

Станува збор за пешкир со поголеми димензии (180×180 см) од познатиот италијански бренд "Benetton", наменет за две лица. Туристката со корисничко име "@annaaxna" го снимила овој ценовен апсурд и го објавила на "TikTok".

Прво многумина во коментарите помислиле дека станува збор за некаква грешка – можеби цената е во куни, можеби некој додал погрешна бројка. Но, ништо од тоа – цената е точна и изразена во евра. „Се надевам дека има 100 евра зашиени во пешкирот“, „Цената е толкава што луѓето се уверени дека е во куни“, „За неколку години хрватскиот туризам ќе исчезне“, „Дали е на Аладин па да лета?“, се дел од бројните духовити коментари.

@annaaxna Beach towel 106€ 😅 #croatia #dubrovnik #dubrovnikcroatia #konzum #croatia🇭🇷 #summer #fyp #f ♬ LOOK AT THIS - Astro Boyke

Сепак, вреди да се спомене дека истиот тој пешкир на веб-страницата на истата продавница се продава за 99 евра, што значи дека цената во Дубровник е повисока за 7 евра. Во истата продавница може да се најде и обичен пешкир за плажа по многу пониска цена – доколку не е брендиран.

Инаку, познатиот италијански бренд на кој му припаѓа пешкирот и претходно бил познат по „луксузни“ цени, па очигледно се обидува да ја задржи таа репутација.