[ФОТО] Познатиот холивудски актер фотографиран заедно со сопругата која има српски корени: Нејзиното вистинско име е Србослава

Точка

16/07/2025

19:23

1.894

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Кристијан Бејл (51) би снимен во Рим со сопругата, поранешната манекенка со српско потекло Сиби Блажиќ (55), и нивните деца – Емелин и Џозеф. Тие присуствувале на ревијата на „Dolce & Gabbana“, а семејството се појавило во црни, усогласени модни комбинации и заедно позирале пред фотографите.

Родителите на Сиби од Белград се преселиле во Америка

Инаку, Сиби, со полно име Србослава, е американска агентка и поранешна манекенка со српско потекло, чии родители, таткото Слободан и мајката Надежда, кон крајот на шеесеттите години емигрирале од Белград во Америка.


Бејл со години тврдел дека не верува во брак, сè додека не ја запознал Сиби. Неговиот избор не бил одобрен од неговата мајка Џени и сестра му Шерон, па во 2008 година дошло до физичка пресметка меѓу нив. Бејл ги исфрлил од хотелот и никогаш повеќе не проговорил со нив.

Парот се запознал кон крајот на 90-тите години на една забава, а во 2000 година се венчале во Лас Вегас. „Сè во животот ѝ должам неа. Таа е исклучителна и силна жена“, изјавил актерот за својата сопруга, чие семејство исто така го почитува и сака. Според пишувањата на странските медиуми, тој инсистирал неговите деца дури и да го научат српскиот јазик, а често сите заедно можат да се видат во црквата Свети Илија во Лос Анџелес.


Слават два Божиќа


Пред неколку години, Кристијан Бејл во едно интервју призна дека слави два Божиќа. Тој изјави дека неговото семејство го слави и православниот Божиќ поради српското потекло на неговата сопруга. „Славиме два Божиќи бидејќи мојата сопруга е Србинка-Американка, па го славиме и тој јануарски Божиќ. Тоа е според друг календар. Сакам да запалам бадњак, тоа ми е омилениот дел.“