[ВИДЕО] По оваа филмска улога Анџелина Џоли сакала да се откаже од глумата: Тоа што следело потоа ѝ го сменило животот

Точка

16/07/2025

08:41

1.724

Големина на фонт

а а а

Филмот бил контроверзен поради експлицитните сцени и тешки теми како злоупотребата на дрога и AIDS, а Анџелина Џоли подоцна открила дека по снимањето на тој филм се чувствувала како да „дала сѐ што има“.

Анџелина Џоли никогаш не била актерка која би се потпрела само на своето презиме или претходните успеси.

Иако како дете се појавила во филм покрај својот татко, Џон Војт, уште во далечната 1982 година, сериозната актерска кариера ја започнала десет години подоцна.

Од самиот почеток таа покажувала голема работна етика и подготвеност за улогите кои не биле нималку едноставни.

Една од тие улоги била и онаа која за малку ќе ја натерала целосно да се откаже од актерството – улогата на манекенката Џија Каранџи во биографската драма „Gia“ од 1998 година.

Филмот бил контроверзен поради експлицитните сцени и тешките теми кои ги обработувал, како злоупотреба на дрога и AIDS, а Џоли подоцна открила дека по снимањето на филмот се чувствувала како да „дала сѐ што има“ и дека не била сигурна дали некогаш повторно ќе глуми.

„Долго време ми беше потребно за да ја прифатам таа улога. Бев преплашена затоа што беше голем предизвик“, споделила Џоли, пренесува „Far Out Magazine“.


Сепак, таа улога ѝ донела признание во критиките и ѝ ја отворила вратата во понатамошната кариера.

Една година подоцна брилирала во други филмови кои ѝ го донеле статусот во којшто и денес ужива во Холивуд.