[ВИДЕО] Полицијата запре роботакси поради сообраќаен прекршок – кого да казни?

Точка

14/07/2025

13:00

575

Големина на фонт

а а а

Роботакси возило на компанијата "Waymo", без возач, неодамна се најде во незгодна ситуација на улиците на Лос Анџелес – нагло запре во сообраќај, направи непрописно лево свртување и на крајот беше запрено од полицаец во центарот на градот.

Додека човечки возач за вакво однесување речиси сигурно би добил казна, автономните возила во моментов не можат да бидат парично казнети во Калифорнија, бидејќи нема „реално лице“ зад воланот кое полицијата би можела да го повика на одговорност, пренесува "CarScoops".

Видеото од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи. На снимката се гледа бел "Jaguar I-Pace", роботаксо возило на "Waymo", како стои среде улица во Беверли Хилс, додека возач на "Mercedes G-класа" позади него видно гневен реагира.

Според сведочењето на лицето што снимало, човекот со дланка удрил по задниот дел на роботаксито – веројатно од фрустрација, а можеби и надевајќи се дека ќе го „разбуди“.

@kiefer_d_live Replying to @himothee55 I used the song to cover up my hysterical laughter 🫣 #waymo ♬ original sound - Kiefer_D


Изгледа дека тоа и делумно помогнало, бидејќи таксито веднаш потоа тргнало. Но, набрзо повторно западнало во проблем.

Полицаец во "Ford Explorer" ги вклучил ротационите светла и тргнал по роботаксито, токму во моментот кога "Waymo" му го пресекол патот на еден електричен "Mercedes" и извршил непрописно лево свртување.

Збунето од трепкачите зад него, роботаксито конечно запрело на страна.

Не е јасно што точно се случило откако полицаецот излезе од возилото и му пријде на "Jaguar"-от, но најверојатно стапил во контакт со човечки оператор преку телефон, бидејќи во возилото немало ни возач, ни патници.


Казна? Засега – не

На крајот, возилото најверојатно не добило никаква казна. Според "Washington Post", автономните возила во Калифорнија сè уште не можат да добијат сообраќајна казна, бидејќи законот предвидува дека казна може да се издаде само на физичко лице.

Сепак, тоа ќе се промени од јули 2026 година, кога полицијата ќе добие право да издава таканаречени „известувања за непочитување на сообраќајните правила од страна на автономно возило“.