Се наоѓаме среде сезоната на летни одмори, кога температурите се високи, расположението е на високо ниво, а главната дестинација се плажите. Затоа време е да се подготвите за блескаво лето, со производите на dm кои секоја девојка мора да ги има во својата колекција.
Прво правило за секое лето: Не излегувајте никаде, ама баш никаде, без претходно да нанесете заштитен фактор на кожата. Силните сончеви зраци не поштедуваат никого и затоа е многу важно горниот слој на кожата да биде соодветно заштитен со крема или масло за сончање. А производите од линијата Sundance го нудат токму тоа – превентивно делуваат против штетните влијанија на сончевите зраци и обезбедуваат заштита за сите типови кожа. Само одберете го вистинскиот фактор за вас и уживајте во танцот под сонцето.
Летото е исто така совршениот момент да ги тестирате производите од ограничената линија на dm drogerie markt: ароматична, сензуална и достапна само во текот на летото. Без разлика дали ви е потребно лабело за усни, миризлив гел за туширање или шампон за суво миење на косата – не барајте подалеку, бидејќи dm има сѐ што ви треба! Разгледајте го новиот каталог и побарајте ја виолетовата ознака со текст LIMITED EDITION, која означува дека се работи за уникатен производ што е достапен само ограничено време.
Веќе го знаете рецептот за одржување на здрава кожа со беспрекорно бронзен тен, знаете како да ја негувата косата и како да мирисате убаво, но за вистински да блескате ви е потребно само уште едно нешто. Shimmer спрејот за тело е совршен за да го привлечете вниманието на плажа, да се одвоите од толпата за време на летните журки и да ѝ го дадете на кожата сјајот кој го заслужува. Ова лето, бидете главна тема на разговор и зрачете со самодоверба!
Дури сега сте подготвени за „Операција: плажа“!
Комерцијален текст