Американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот стана мета на потсмев откако во едно интервју го нарече јапонскиот лидер „г. Јапонија“.
Контроверзната изјава се случи за време во текот на интервјуто со водителката на „Фокс њуз“, Марија Бартиромо, каде што главна тема беа царините за увоз во САД.
Како што се приближува рокот за договор за царините, Трамп го објасни својот претпочитан метод на преговори – испраќање писма наместо преговори лице в лице.
„Попрво би им испратил писмо, многу искрено писмо, во кое ќе се вели: честитам, дали ќе смеете да тргувате со Соединетите Американски Држави“, рече Трамп. „Ќе платите царина од 25%, или 20%, или 40% или 50%. Тоа е она што јас попрво би го да направил“.
Тој дополнително ја објасни својата поента користејќи споредба со продавница. „Ќе испратиме писмо и ќе кажеме дека тоа би ни било голема чест, и еве што треба да направите за да „купувате“ во Соединетите Држави“, сликовито објасни Трамп. „Ние сме како продавница, а вие ќе платите царина од 25%, или ви посакуваме многу среќа, и тоа е крајот на трговскиот договор“, додаде тој.
Најважниот момент од разговорот и оној што предизвика најголема реакција, се случи кога Трамп даде конкретен пример за тоа како би изгледало такво писмо доколку го испрати во Јапонија.
„Би можел да испратам едно во Јапонија. Драг господине Јапонија, еве ја приказната. Ќе платите царина од 25% на вашите автомобили.“
Овој лапсус, како што пренесе „Raw Story“, брзо се прошири низ социјалните мрежи. Корисниците социјалните мрежи веднаш повлекоа паралели со тоа како медиумите и политичките противници би реагирале доколку поранешниот претседател Џо Бајден направеше слична грешка.
„Ако претседателот Бајден ја започнеше реченицата со „Драг г. Јапонија“, републиканците немаше да престанат да зборуваат за тоа, а единственото нешто за кое ќе зборуваа ќе беше 25-тиот амандман“, напиша еден корисник. „Ова е целосно лудо. Тој е сенилен“, додаде друг.
Други корисници се пошегуваа за медиумското известување. „Се повикува Џејк Тапер“, напиша еден корисник, алудирајќи на познатиот водител на Си-ен-ен.
„Доколку Бајден го кажеше тоа, Марија Бартиромо ќе скокнеше и ќе мавташе со знаме „ДЕМЕНТЕН“ во етерот“, напиша еден корисник на социјалните мрежи, критикувајќи ја водителката поради тоа што не реагирала на лапсусот на Трамп.
Најновиот испад на Трамп повторно ја отвори дебатата за неговиот стил на комуникација и дипломатски вештини, а критичарите истакнуваат дека ваквите моменти откриваат недоследности во следењето на лапсусите на различни политичари.