Пумпај-пумај: Ѓоковиќ откри какво значење има неговата нова прослава на Вимблдон

Дерби

02/07/2025

13:33

1.176

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ победи доста потешко од очекувањата на стартот на Вимблдон, но сепак ја преброди кризата и успеа да забележи нов победнички старт, 20-ти на најпрестижниот турнир во светот.

Ноле продолжи со традицијата на непобедливост во првата рунда на тенискиот грен слем во Лондон, но откако го надигра Милер, привлече внимание и со начинот на кој ја прослави победата.

Дел од српските медиуми пренесоа дека неговата реакција е знак на поддршка за студентите и луѓето кои протестираат против Владата во Србија, но самиот тенисер подоцна откри дека не се крие никаква политичка порака и дека станува збор за договор кој го изградил со неговите деца.

– Станува збор за прослава која е конекција со моите деца. Има две песни кои ги слушаме доста многу во последно време и зборувавме дека можеме да направиме кореографија од нив две.

– „Пумпај, пумпај“, тоа ќе биде кореографија за секоја моја победа на Вимблдон, така ќе прославувам и на следните мечеви. Станува збор за една странска „денс“ песна по име „Pump It Up“, а втората е нашата „Баци све са себе“ во која има дел во кој се вели „пумпај, пумпај“, – откри Србинот.