Невеш и Пепе се првите играчи кои се огласија по трагичната смрт на Жота

Дерби

03/07/2025

12:46

503

Големина на фонт

а а а

Трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва ја зави во црно цела фудбалска јавност, па во моменти на голема неверица, пристигнуваат и првите реакции од поранешни легенди, но и доскорешни соиграчи на ѕвездата на Ливерпул.

Гери Невил и Џејми Карагер како две англиски легенди испратија пораки за поддршка до семејството и нагласија дека се чувствуваат уништено после трагичниот настан, кој дефинитивно е далеку пошокантен за фудбалери кои му беа многу блиски.

Рубен Невеш и Пепе се првите фудбалери кои емотивно се огласи преку социјалните мрежи, потенцирајќи дека не можат лесно да ја прифатат траорната вест која пристигна од Шпаноја.

– Велат дека ги губиме луѓето само тогаш кога ќе ги заборавиме. Јас тебе никогаш нема да те заборавам, – порача Рубен Невеш.

– Со огромна трага ја примив веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре. Ова е прерана и болна загуба која не прави многу посиромашни како колеги, како пријатели и како љубители на фудбалот. Во овие исклучително тешки моменти исполнети со болка, испраќам сочувство до семејството и нивните најблиски. Пронајдете сила во љубовта и спомените кои сте ги имале заедно. Нека почиваат во мир, – порача Пепе.