Хорор вест од Шпанија: Загина Диого Жота (28), големата ѕвезда на Ливерпул

Точка

03/07/2025

10:34

4.301

Големина на фонт

а а а

Шпанската „Марка“ објави ужасна вест дека загинал Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија.

Според „Марка“, 28-годишиот Португалец загинал во сообраќајна несреќа во покраината Замора, Шпанија.

Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52, во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Фудбалерот на Ливерпул загинал кога неговото возило излетало од патот и се запалило. Во автомобилот бил заедно со неговиот брат Андре, исто така професионален фудбалер. За жал и двајцата загинале, пренесува CNN.


28-годишниот крилен напаѓач има повеќе од 120 настапи за Ливерпул откако дојде од Вулверхемптон во 2020 година. Со Ливерпул ги освои речиси сите големи трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Премиер лигата.


За португалската репрезентација одигра 49 натпревари и постигна 14 голови, а беше неизоставен член на Португалија заедно со Кристијано Роналдо.


Покрај Ливерпул, каде што изгради големо фудбалско име, настапувал и за Вулверхемптон, Порто, Атлетико Мадрид и неговиот роден Пакос де Фереира во Португалија.