Ренат Агзамов, поранешен професионален боксер кој стана врвен слаткар, стекна светска слава благодарение на своите спектакуларни уметнички дела.
Неговите торти изгледаат како да излегле од бајка – раскошни палати, магични фонтани, па дури и реалистични реплики на архитектонски чуда.
Она што ги прави неговите креации посебни е неверојатното внимание посветено на деталите и грандиозноста на секоја торта.
Една од неговите најпознати торти е свадбена торта висока речиси четири метри, во форма на бајковит замок. Тортата содржи детално изработени кули, балкони и дури и функционално внатрешно осветлување, што ѝ дава дополнителна димензија на спектаклот.
Тешка е околу 1.500 килограми, а според информациите, нејзината цена достигнува и до 179.000 долари, со што се вбројува меѓу најскапите и најлуксузните торти во светот.
Агзамов ја води слаткарницата „Renat Agzamov Cake Company“ со седиште во Москва, но неговите торти се изработуваат по нарачка за клиенти ширум светот – вклучувајќи богати и славни личности, членови на кралски семејства, како и за луксузни свадби и гламурозни настани.