Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Макфакс

30/06/2025

18:08

532

Големина на фонт

а а а

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.

Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.

Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.

Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.

Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.

За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.