Беше ѕвезда на хумористичните филмови кои сите ги обожуваа, а потоа реши целосно да се повлече од Холивуд: Паднала „во стапица и станала жртва на експлоатација“

Точка

30/06/2025

10:01

1.594

Големина на фонт

а а а

Една од омилените актерки Камерон Дијаз, пред повеќе од 10 години решила да „избега“ од Холивуд, а гостувајќи во еден поткаст призна како живее денес.

Некогаш една од омилените холивудски актерки, препознатлива по својата убавина, актерски талент и харизма, Камерон Дијаз направи голема пауза во кариерата и се повлече од Холивуд пред 10 години.


Актерката, која се прослави со бројни улоги во познати комедии, одеднаш одлучи дека ѝ е доста од животот под рефлектори и експлоатацијата на која се изложени жените, па се посвети на производството на вино и семејниот живот со својот сопруг Беџи Маден, со кого има две ќерки.


Неодамна, за време на гостувањето во поткастот „Rule Breakers“, таа прозборе за својот живот по Холивуд и призна дека го направила „вистинското нешто“.


„Паднав во холивудската стапица и станав жртва на целата експлоатација на која се изложени жените. Дозволив да бидам третирана како предмет“, рече Дијаз и додаде:


„Веќе не морам да се грижам за тоа како изгледам. Мојот изглед е буквално последното нешто на што мислам во текот на денот. Живеам како животно, не се бањам. Имам милион козметички производи и сите собираат прашина на полиците. Можеби двапати месечно користам некаков крем, го нанесувам и си мислам – добро, претпоставувам дека ова е доволно, дали ќе делува ако го нанесам само еднаш? Едноставно, моментално не сум во ситуација да трошам енергија на мојот изглед“, раскажа актерката.


Инаку, по долгата пауза од глумата, Камерон работела на филмот „Back in Action“ со Џејми Фокс, кој излезе во јануари 2025 година.