[ВИДЕО] Шефот на НАТО за пцуењето на Трамп: „Татичко понекогаш мора да користи остри зборови“

Точка

25/06/2025

19:50

1.239

Големина на фонт

а а а

На прес-конференција за време на самитот на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за конфликтот меѓу Израел и Иран. Трамп го спореди тој судир со „караница меѓу две деца во училишен двор“, а Руте му додели на Трамп улога на „татичко“.

„Тие жестоко се расправаат. Не можете да ги запрете. Пуштете ги да се борат две, три минути. Потоа е полесно да ги раздвоите“, рече Трамп.

Осврнувајќи се на пцовката што Трамп ја употреби претходниот ден во контекст на Израел и Иран, Руте изјави: „А потоа, татичко понекогаш мора да користи остри зборови.“

Трамп додаде: „Мора да користите остри зборови, понекогаш треба да се употреби одреден збор.“

„Израел, не ги фрлај тие бомби“

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп вчера упати директно предупредување до Израел, истакнувајќи дека не смее да изврши воздушни напади врз Иран, бидејќи тоа би претставувало „сериозно прекршување“ на договореното примирје.

„Израел, не ги фрлај тие бомби. Ако го направите тоа, ќе биде сериозно прекршување. Вратете ги башите пилоти дома,веднаш!!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, непосредно пред поаѓањето на НАТО самитот во Хаг.


„Не знаат што по ѓаволите прават“

На прашањето за наводни прекршувања на примирјето од обете страни, Трамп одговори: „Не сум сигурен дека го направиле тоа намерно. Не успеале да ги задржат луѓето под контрола.“

Додаде дека не му се допаднала израелската реакција веднаш по постигнувањето на договорот: „Најверојатно е истрелана една ракета по истекот на рокот и сега Израел оди во офанзива. Овие момци треба да се смират.“

Трамп најави дека лично ќе се обиде да интервенира: „Штом си заминам од тука, ќе се обидам да го сопрам тоа.“

Особено ја критикуваше жестината на израелските напади: „Штом го постигнавме примирјето, тие излегоа и фрлија товар бомби каков што никогаш не сум видел. Најголемиот досега. Не сум задоволен од Израел.“

Во својата најдиректна изјава досега, Трамп заклучи: „Имаме две земји што толку долго и толку жестоко се борат, што веќе ни самите не знаат што по ѓаволите прават.“

Самитот на НАТО

Самитот на НАТО 2025 се одржува на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија, и претставува прв самит на Алијансата што се одржува во оваа земја. Домаќин е новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, поранешен холандски премиер. На самитот присуствуваат лидерите на 32 земји-членки на НАТО, партнери и претставници на Европската унија.

Главна тема на самитот е зголемувањето на буџетските издвојувања за одбрана – се очекува договор за нова цел од 5% од БДП за одбрана, што е значително зголемување од досегашната цел од 2%. Оваа иницијатива доаѓа како одговор на барањата на САД, особено на претседателот Трамп, и поради загриженоста за заканата од Русија по инвазијата врз Украина.

Покрај одбранбените буџети, се дискутира и за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата, поддршката за Украина, безбедносните предизвици на источниот и јужниот фронт, како и за улогата на САД во НАТО, со оглед на неизвесноста околу американската посветеност на колективната одбрана.