Иранската војска ги предупреди Соединетите Држави на страшни последици доколку се приклучат на војната на страната на Израел, по неодамнешните американски воени акции за кои Техеран вели дека го прошириле списокот на легитимни цели за иранските вооружени сили.
Во видео порака објавена денеска, портпаролот на генералната команда на Катам ал Анбија, Ебрахим Золфакари, рече дека Вашингтон ќе ја плати цената за своите постапки, пренесе Ројтерс. „Америка ја чекаат сериозни последици и одлучувачки воени операции“, рече тој.
На крајот од видеото, Золфакари директно на англиски му се обрати на поранешниот американски претседател:
„Трамп, коцкарот – можеби вие ја започнавте оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја прекинеме“, рече тој.
🔴 Breaking
— Eagle Eye (@zarrar_11PK) June 23, 2025
IRGC Lt. Col. Ebrahim Zolfaghari warned of powerful, targeted operations against the U.S. over its direct role in strikes on Iranian soil.
He accused Washington of violating Iran's sovereignty to aid the israel, vowing an unpredictable and decisive response that… pic.twitter.com/AH84N9m2yz
Во текот на ноќта командантот на иранските вооружени сили им се закани на САД со решителен одговор, објавија локалните медиуми.
„Секогаш кога Американците правеле злосторства, добивале решителен и цврст одговор – така ќе биде и овој пат“, рече генерал Хатами, според извештајот на државната новинска агенција Фарс.
„Акциите што ги презедовте во последните денови се од голема вредност. Тие го спречија израелскиот непријател да успее во своите операции. Денеска беа принудени да го повикаат директниот извршител на овие злосторства – САД – и да ги вовлечат во директен конфликт со Исламската Република Иран“, им рече тој на собраните воени лидери.
„Со сите сили ќе ја браниме независноста на оваа земја. Мачеништвото го сметаме за голема чест, но денес се бориме за победа и до победа“, додаде тој.
За време на говорот, генералот Катами беше седнат на страна од заменик-командантот за операции и заменикот за координација на иранската армија. На видеото се гледа и командантот на воздушната одбрана, како и командантите на морнарицата и воздухопловните сили, а наводно и висок офицер на копнените сили.
Советниците на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Хамнеи велат: играта не е завршена.
Али Шамхани рече дека Иран сè уште има залихи на збогатен ураниум и покрај американските напади на клучните нуклеарни локации.
„Дури и да се уништат нуклеарните капацитети, играта не е завршена, ќе останат збогатените материјали, домашното знаење и политичката волја“, напиша Али Шамхани во објавата на платформата Х.
Тој додаде дека политичката и оперативната иницијатива сега и припаѓа на страната која игра паметно, избегнува да напаѓа слепо. „Изненадувањата ќе продолжат! рече тој.
Али Акбар Велајати, втор висок советник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека базите што ги користат американските сили за напади врз иранските нуклеарни постројки ќе се сметаат за легитимни цели.
„Секоја земја во регионот или на друго место што била користена од американските сили за напад на Иран ќе се смета за легитимна цел за нашите вооружени сили“, рече Велајати во пораката што ја пренесе официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Велајати исто така додаде дека САД немаат повеќе место на Блискиот Исток.
„Веќе нема место за Америка и нејзините бази во овој регион и во исламскиот свет“, рече Велајати.
„Америка го нападна срцето на исламскиот свет и мора да биде подготвена да одговори, бидејќи Исламската Република не толерира никакви навреди или агресија против себе“, додаде тој.