Здравите навики не познаваат граници: Производите на Виталиа отсега достапни и во Унгарија

Точка

20/06/2025

17:19

132

Големина на фонт

а а а

Македонската компанија Виталиа, добро позната по своите иновативни производи кои спојуваат здравје, вкус и практичност, официјално започна со продажба и на унгарскиот пазар.

На унгарските потрошувачи им се понудени три клучни продукт линии: гранола без додаден шеќер, која нуди полн вкус без компромиси; протеинска гранола, формулирана за активни луѓе и љубители на балансирана исхрана; и кето гранола, со низок удел на јаглехидрати, идеална за следбениците на кето или low-carb начин на живот. Производите се достапни и преку платформи како Kifli.hu, Bioboro.hu и Reformhaz.hu.


Потрошувачките навики во Унгарија последниве години се менуваат – сѐ повеќе луѓе избираат свесен пристап кон исхраната, бараат производи без додаден шеќер, со природни состојки и функционални нутритивни вредности. Особено во фокус се младите семејства, урбани професионалци и жени кои носат одлуки за семејното мени – групи кои се идеално поклопени со вредностите и понудата на Виталиа.


Брендот успешно се позиционира како одговор на зголемената побарувачка за практична, здрава и секојдневно употреблива храна. Со производи кои не само што се вкусни, туку и хранливо избалансирани, Виталиа се вклопува во модерниот тренд на smart nutrition – храна која не само што заситува, туку поддржува енергија, концентрација, физичка активност и општо благосостојба.


Со влезот на унгарскиот пазар, Виталиа го потврдува својот статус како глобален играч кој успешно одговара на потребите и навиките на потрошувачите во различни култури и земји. Денес брендот е присутен во над 60 држави, од Европа и Блискиот Исток, до Јужна Америка и Азија – и сè уште расте.


Она што започна како мал семеен бизнис во срцето на Скопје, денес е инспиративна приказна за успех, страст и посветеност кон здравјето.

А таа приказна продолжува – сега и со “унгарски” превод.

Комерцијален текст