„Чистка“ во НАТО: Руте дели откази, укинува два оддели, а изгледа дека не му требаат ниту помошниците

Точка

19/06/2025

22:25

2.350

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, најави значајна реорганизација во рамките на најмоќната воена алијанса во светот, што вклучува елиминација на два оддела и десетици работни места во седиштето на алијансата во Брисел, дознава „Политико“ од тројца сегашни и еден поранешен функционер на НАТО.

Поранешниот холандски премиер, кој ја презеде функцијата шеф на НАТО во октомври минатата година, веќе одржа два интерни состаноци со персоналот, за време на кои ги истакна промените што ќе бидат спроведени. Тие вклучуваат намалување на бројот на меѓународни оддели од осум на шест. Одделот за јавна дипломатија, кој е одговорен за односи со јавноста, и Одделот за извршен менаџмент, или човечки ресурси на Алијансата, ќе бидат затворени.


Функциите на овие оддели во голема мера ќе бидат прераспределени на други единици, додека позициите на помошник генерален секретар – на кои се именуваат раководителите на овие оддели со согласност на земјите-членки – ќе бидат укинати. Така, Французинката Мари-Доха Бесанченот, која го водеше Одделот за јавна дипломатија, ја напушти позицијата во март и не доби замена. Италијанецот Карло Боргини, кој го водеше Одделот за извршен менаџмент, исто така ќе остане без должности.

„Тоа е вообичаено кога ќе дојде нов генерален секретар“

Иако ќе бидат скратени десетици работни места, еден функционер рече дека бројот не е „значително голем“ и дека во истовремено ќе бидат создадени нови работни места. Според поранешен висок функционер на НАТО, ваквите промени не се изненадувачки: „Тоа е вообичаено е кога ќе дојде нов генерален секретар“, рече тој.

„Поранешниот функционер ги отфрла споредбите со радикалните намалувања што ги направи Елон Маск, познат по неговиот Одделот за владина ефикасност (DOGE), во американската администрација: „Реорганизацијата на Руте ја спроведуваат луѓе одвнатре кои ги разбираат приоритетите и постојните процеси, па затоа тоа е многу попромислен и долгорочен пристап“, истакна тој.


Руте, кој често е опишуван како „шепкач на Трамп“ поради неговата способност да комуницира со американскиот претседател, сега сака да ги убеди сојузниците – вклучувајќи го и самиот Трамп – дека НАТО може да биде поефикасен и порационален во управувањето со ресурсите.

Во овој контекст, професорот Александар Мателер од VUB, експерт за трансатлантска безбедност, наведува дека Руте ја реформира структурата за поддршка во седиштето за да го фокусира НАТО на клучните приоритети: „реинвестирање во одбраната на најефикасен можен начин“, изјави Мателер.

Помала зависност од млади луѓе со краткорочни договори

Меѓу вработените во НАТО, кои бројат околу 4.000, вклучувајќи 1.500 меѓународни вработени под одговорност на Руте, има и промена во ставот кон привремените работници – претежно млади експерти со краткорочни договори. Целта, според двајцата актуелни функционери е да се намали зависноста од привремени работни позиции и да се зголеми бројот на постојани договори.


Портпаролот на Алијансата потврди дека „генералниот секретар Рута е посветен на ефикасно НАТО“ и дека реорганизацијата „има за цел оптимизирање на работата на седиштето“. Процесот, додадоа тие, се спроведува со согласност на сојузничките земји и со вклученост на персоналот.