БиХ ги евакуира своите граѓани и амбасадори од Израел и Иран

Макфакс

20/06/2025

12:31

103

Големина на фонт

а а а

Властите на Босна и Херцеговина започнаа подготовки за евакуација на своите граѓани и дипломатски персонал, како и привремено затворање на амбасадите во разорените од војна Иран и Израел.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи на БиХ, шест граѓани на таа земја побарале конзуларна помош во Техеран, а уште двајца во Тел Авив, за да бидат евакуирани од овие земји. Тие додадоа дека со помош на меѓународни партнери се обидуваат да организираат безбедна евакуација на граѓаните.

Тие додадоа дека амбасадите немаат информации за повредени или убиени граѓани на оваа земја во ескалацијата на војната.

Вчера, Претседателството на Босна и Херцеговина, на вонредна седница, одлучи привремено да ги затвори амбасадите на БиХ во Иран и Израел и да го евакуира дипломатскиот персонал.

Во меѓувреме, помош за граѓаните во двете земји ќе обезбедат дипломатските и конзуларните претставништва во Република Турција, Кралството Јордан и Арапската Република Египет.