Познатиот актер со солзи во очите прозборе за болеста: Мислам дека ова не е мојот крај

Точка

13/06/2025

09:47

3.513

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата Вовед во анатомија, во април оваа година откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (ALS).

„Дијагностициран ми е ALS. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново животно поглавје. Љубезно ве замолувам да нѝ дозволите приватност на мене и на моето семејство“, изјави тогаш актерот за списанието Пипл.

ALS е невролошко заболување кое предизвикува постепено губење на мускулната контрола и моментално не постои лек за него.


Прво интервју по објавување на дијагнозата

Два месеци откако објави дека му бил дијагностициран ALS, Ерик Дејн се појави во емисијата „Good Morning America“. Досега е објавена само најавата на интервјуто. Целосното интервју ќе се емитува на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, актерот прозборе за својата борба со болеста.

„Секој ден се будам и веднаш се потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.

Eric Dane – loved by millions as “Dr. McSteamy” on Grey’s Anatomy – now, in his first TV interview since revealing his crushing ALS diagnosis. The Diane Sawyer Interview – Monday morning at 7am on ABC’s Good Morning America.

Posted by Good Morning America on Thursday, June 12, 2025

И покрај дијагнозата, актерот рече дека сака да остане позитивен. „Мислам дека ова не е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот за мене“, рече тој.

Се расплакал

Стана многу емотивен и пролеа солзи кога Дајан го прашала кого прв го повикал за да му каже за болеста, меѓутоа одговорот на Ерик не беше прикажан.

Но тој откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со ALS. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на HBO.


Инаку Дејн има две деца, Били Беатрис (15) и Џорџија Џералдин (13), со сопругата Ребека Гејхарт (53), со која е во брак 21 година. Дејн и Гејхарт се венчаа во 2004 година. Таа поднесе барање за развод во 2018 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Сепак, во март, само еден месец пред тој да открие дека му е дијагностициран ALS, Гејхарт го повлече своето барање за развод.


„Ние сме најдобри пријатели. Многу сме блиски. Одлични сме во заедничкото родителство. Навистина ја откривме формулата како да останеме семејство и мислам дека нашите деца имаат многу корист од тоа, а исто така и ние. Мислам дека е важно да не гледаме на врската што завршува како на неуспех“, рече Гејхарт.