Не претеруваме доколку кажеме дека Арнолд Шварценегер е една од најнеочекуваните филмски ѕвезди во историјата на филмот.
Кариерата ја започнал како бодибилдер, за потоа целосно да се претвори во акциски јунак кога Холивуд брзо го прифатил, иако глумата никогаш не била негова силна страна.
Филмското деби го остварил во 1970 година во филмот „Херкул“, а пошироката популарност ја стекнал 12 години подоцна во филмот „Конан Варварин“ иако критиките биле поделени.
Потоа следело продолжението за филмот „Конан“, но првата пресвртница била соработката со режисерот Џејмс Камерон. Во култниот филм „Терминатор“ од 1984 година, Шварценегер ја толкуваше улогата на истоимениот киборг, а таа улога му донела огромна популарност и ги поставила темелите на неговиот статус како акциона икона.
Продолжението на филмот од 1991 година дополнително го зајакнал неговиот успех, а филмот бил многу фален. Може да се каже дека Шварценегер многу му должи на Камерон, режисерот којшто покажал дека зад мускулестото тело на актерот има многу повеќе.
Заедно повторно работеле на хит филмот „Вистински лаги“ од 1994 година каде Шварценегер уште еднаш го потврдил статусот на акциски јунак, а филмот постигнал огромен успех.
Затоа, не е ниту чудно што токму еден од филмовите на Камерон, и тоа оној во којшто Шварценегер не глуми, е негов личен фаворит. Тој вели дека „Титаник“ му е еден од омилените филмови на сите времиња.
Филмот заработил над 2,26 милијарди долари
Шварценегер не го криел своето воодушевување:
„Титаник е приказна, сѐ поместува. Визуелните ефекти се неверојатни, сето тоа е генијално. Секој лик беше совршено разработен, што е типично за Камерон. Тој едноставно знае како. А, потоа внесува акција, тоа сите го сакаат“, изјавил актерот, па додал:
„Сите знаат како приказната на Титаник завршува, знаеш дека бродот ќе удри во санта мраз. И цел филм го чекаш тој судир. Но, во меѓувреме тој ги гради односите, ги развива ликовите, секој карактер добива простор. Мене сето тоа ми беше фасцинантно“.