Уште еден град забрани електрични автомобили: „Ова беше капката што ја прели чашата“

Точка

04/06/2025

18:35

1.364

Големина на фонт

а а а

Пожарите на електрични возила стануваат сè почест проблем ширум светот. Најновиот случај доаѓа од шпанскиот град Калпе, каде што општинскиот совет донесе одлука да престане со користење на електрични возила.

Инцидентот се случил пред еден месец, кога се запалило електрично возило од општинскиот возен парк, паркирано пред главниот влез на општинската зграда. Настанот предизвика бројни шпекулации во јавноста, поради што градоначалничката Ана Сала мораше да се огласи на својата "Facebook" страница.

„Попладнево се запали електрично возило паркирано пред главниот влез во општинската зграда. Некои медиуми погрешно известија дека било приклучено на полнач, што не е точно. Беше паркирано уште од пладне, кога државниот службеник што го користи заврши со работниот ден“, појасни Сала.

Таа додаде дека возилата се користеле во секојдневната работа на општината без никакви претходни проблеми, и дека како дел од лизинг-договор, автомобилите имаат осигурување и гаранција. Лизинг-компанијата ќе понуди решение за настанатиот случај.


Поддршката за електрични автомобили опаѓа во шпанските градови

Сепак, само неколку дена подоцна, градоначалничката објави дека општината нема да продолжи со користење електрични автомобили за кабинетот на градоначалникот по истекот на сегашниот договор, кој завршува во ноември.

Во интервју за "Cadena SER", Сала изјави дека не сака да ги критикува електричните автомобили и дека „ова беше само еден случај“, но посочи дека новиот лизинг-договор ќе биде за друга категорија возила.


„Сè уште не е донесена одлука какви возила ќе бидат — дали бензински, дизел, на водород или какви и да се тие што ги имаме сега … Не знам, затоа што не разбирам доволно. Одлуката ќе ја оставам на експертите“, изјави градоначалничката.

Овој случај претставува нов удар за индустријата на електрични возила во Шпанија, каде што локалните власти сè почесто ја доведуваат во прашање безбедноста и практичноста на возилата на батерии. Пожарите кај овие автомобили се сè поголема загриженост за јавните институции кои размислуваат за транзиција кон поеколошки транспорт.