[ФОТО] "Chrysler 300" се враќа како електричен ѕвер? Погледнете како би можело да изгледа

Точка

04/06/2025

07:54

607

Големина на фонт

а а а

"Chrysler 300" би можел да добие наследник инспириран од концептот "Halcyon".

Концептот „Chrysler Halcyon“ е футуристички четворосед претставен минатата година, кој делумно е базиран на електричниот „Dodge Charger“.

Иако првично беше замислен како најава за „идниот дизајнерски јазик“ на брендот "Chrysler", сега овој концепт би можел официјално да стане сериски модел – и како наследник на легендарниот модел 300.


Во разговор за „Detroit Free Press“, извршниот директор на „Chrysler“, Крис Фјуел, откри дека се разгледува производствен модел „инспириран од концептот Halcyon“.

Уште поинтересно – во извештајот се наведува дека новиот модел би можел да го замени прекинатиот "Chrysler 300", чие производство заврши во 2023 година.


„Верувам дека сегментот на седани има потенцијал за нов раст и враќање“, рече Фјуел, додавајќи дека има „високо ниво на доверба во плановите на „Chrysler“ и способноста за нивно спроведување“.

Оваа информација се совпаѓа со претходните гласини дека концептот "Halcyon" ќе доведе до сериски седан и теренец.


Покрај овие две нови возила, „Chrysler“ планира и големо освежување на "Pacifica" за моделската 2026 година, а освежен миниван би можел да пристигне кон крајот на 2025 година.

Доколку "Halcyon" влезе во сериско производство, веројатно ќе ја користи истата механичка платформа како "Dodge Charger EV", со електрична архитектура од 400 волти и батерија од 100,5 kWh.


Најмоќната верзија на "Scat Pack" развива 670 коњски сили и 850 Nm, со опсег од околу 420 км со полнење, додека основниот R/T нуди автономија до 510 км.

Засега нема конкретни информации за тоа кога би можел да пристигне „Halcyon“, но се очекуваат нови информации до крајот на годината.

Премиерата на сериската верзија би можела да се случи најрано во 2027 година.