„Дедо ми ја призна својата најголема грешка“: Внукот на Тито пред смртта ја откри тајната на Маршалот

Точка

04/06/2025

21:20

8.053

Големина на фонт

а а а

Внукот на Јосип Броз Тито, Јошка Броз, почина синоќа, а веста за неговата смрт ја објави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Јошка Броз бил роден во 1947 година во Белград. Имал три години кога неговите родители, Жарко Броз и Тамара Вегер, се развеле, па со својата помлада сестра Златица се преселил кај дедо му, Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка.


По основното училиште, прво се запишал во гимназија, но ја повторил првата година. Потоа се префрлил во машинско училиште, а на крајот завршил во шумарското училиште во Краљево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Белград.

Некое време работел како шумар и металоделец, а подоцна бил ловџиски придружник на Тито и надзорник на неговите ловишта. Како милиционер во Антисаботажниот вод, се грижел за безбедноста на својот дедо сè до неговата смрт на 4 мај 1980 година. Се женел четири пати и ги добил синовите Небојша и Виктор и ќерката Тамара. Има и внуци Лазар, Лука и Филип.

Јошка Броз беше претседател на Комунистичката партија, а во 2005 година го основал здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Белград, со кое раководел сè до неговата смрт.


Јошка пред неколку години раскажал дека пред смртта Тито му рекол дека згрешил што го олабавил југословенскиот федерален систем во 1974 година со промена на уставот.

„Од една држава создадовме осум помали (…) и сè се изрони, тоа беше мојата најголема грешка“, ги раскажа Јошка зборовите на Тито – признанието што Маршалот не го даде јавно.


Јошка, еден од шесте внуци, имаше можност да го види и другото лице на својот дедо. Иако беше државник познат по екстравагантните забави и бонвивантскиот начин на живот, Тито ги сакал и едноставните работи.


„Беше многу опуштен во семејниот круг, сакаше да јаде риба и пилешко, две јадења во кои не можеше да ужива на официјални вечери бидејќи се јадат со прсти“, се присети во една прилика Јошка.