[ФОТО] Бастијан Швајнштајгер веќе има нова девојка? Фотографиите од Мајорка со убавата русокоса го обиколија светот

Точка

05/06/2025

21:16

5.204

Големина на фонт

а а а

Бастијан Швајнштајгер бил фотографиран со непозната девојка додека се држеле за раце, а светот е „шокиран“ од новите фотографии.

Со месеци светските медиуми пишуваат за наводниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, а според гласините, тој веќе има нова девојка.


Како што пренесоа германските медиуми, Бастијан и Ана официјално се разделиле, а нивниот брак наводно е во криза со месеци. Нивната љубовна приказна започнала како бајка – се венчале во 2016 година во Венеција, живееле во Шпанија и изгледале како идеален пар. Меѓутоа, според блиски извори, врската одамна се распаднала.

Бастијан веќе има нова девојка?

Според пишувањата на германскиот весник Билд, Швајнштајгер бил забележан со нова партнерка – се шетале држејќи се за раце на плажа во Мајорка. Очевидци ја опишале како витка жена со руса коса, која тој очигледно  веќе ја покажува во јавноста.

Билд поседува ексклузивни фотографии, направени во вторник на плажа во Мајорка, само неколку километри од нивната вила со тениско игралиште, каде што живее Ана со нивните три сина (на возраст од 7, 6 и 2 години).


Извори блиски до поранешниот фудбалер тврдат дека станува збор за сериозна врска и дека помирувањето со Ана не е во план, пренесе Билд.


Од друга страна, на социјалните мрежи Ана објавува фотографии од бројни патувања додека нејзиното лице го краси широка насмевка, и покрај тешкиот период низ кој поминува, според тврдењата на медиумите.