[ВИДЕО] Кружи снимката на која Солт Бае го исфрлаат од афтерпарти на Лигата на шампионите: Се огласи и тој

Точка

02/06/2025

23:02

7.592

Големина на фонт

а а а

Нусрет Ѓокче, попознат како Солт Бае, наводно се обидел да влезе на афтерпарти забавата на Лигата на шампионите во Минхен, но бил избркан од обезбедувањето.

На социјалните мрежи се прошири снимка на која се гледа како Нусрет се обидува да влезе во хотелот каде што се одржувала афтерпарти забавата, но обезбедувањето го оддалечило од влезот. На снимката се гледа и маж во придружба на Нусрет кој му вика на обезбедувањето.

Негира дека бил исфрлен

Сега, самиот Солт Бае проговори за видеото и тврдењата дека бил исфрлен. Турскиот готвач понуди своја верзија на настаните. Имено тој сподели видео од него како им дава автограми на обожавателите собрани пред хотелот каде што се одржувала забавата и истото не го прикажува обезбедување кое го оддалечило од влезот, а Нусрет негираше дека не му било дозволено да влезе на забавата.

„По финалето на Лигата на шампионите, дојдовме во хотелот со автобусот на УЕФА, а причината зошто бевме таму во тој момент беше затоа што имаше илјадници навивачи кои сакаа да нè видат. Како и секогаш, бев таму за да им возвратам на љубовта и да се фотографирам“, ја започна тој објавата.


Нусрет рече дека пред тој хотел чекал превоз за да отиде до хотелот каде што престојувал и дека обезбедувањето го упатило кон местото каде требало да чека.

„Немаше покана ниту забава ниту која било друга организација, па затоа сите вести дека не ми било дозволено да влезам на забавата се неосновани. Со задоволство одиме каде и да нè поканат. Не грижете се за такви ситници, останатото е вештачка интелигенција“, додаде тој.


Пред овој „инцидент“, турскиот готвач присуствувал на финалето на Лигата на шампионите во кое Пари Сен Жермен го победи Интер, и објави многу фотографии и снимки.

Зошто видеото од Минхен добива толку големо внимание?

Видеото стана вирално бидејќи Солт Бае веќе има историја на инциденти на спортски настани. Имено на Светското првенство во Катар, и покрај правилата тој го држеше трофејот и се фотографираше со него. Исто така, наводно го „бркал“ Лионел Меси по теренот за да се фотографира со него.

Во тоа време, Нусрет изјави дека повеќе нема да се појавува на спортски настани.