[ВИДЕО] Медведев: Тампон-зоната може да ја опфати речиси цела Украина ако продолжи воената помош

A1ON.MK

25/05/2025

19:14

983

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија – Дмитриј Медведев денес посочи дека тампон-зоната, чие создавање на границата со Украина го нареди рускиот претседател Владимир Путин, ќе ја опфати речиси целата територија на Украина, доколку продолжи воената помош за Киев од Западот.

Медведев објави видео на својот Телеграм канал на кое се гледа како тампон-зоната, обележана со црвена боја, постепено ја окупира целата територија на Украина, обележана со сина боја.

На крајот од видеото од 14 секунди, поголемиот дел од Украина е обоена во црвена боја, а мала површина во сина боја останува само во близина на Полска.

Под објавеното видео, Медведев напиша дека тампон-зоната би можела да изгледа вака ако продолжи воената помош за Киев.

Путин претходно оваа недела изјави дека е донесена одлука за создавање на потребната безбедносна тампон-зона по должината на границата со Украина и дека руските вооружени сили во моментов „го решаваат прашањето“ за нејзиното создавање.