Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин бил во епицентарот на нападите од украинските беспилотни летала за време на неговата посетата на Курската област, изјави командантот на руската дивизија за воздушната одбрана Јуриј Дашкин во емисијата „Вести на неделата“ на рускиот државен канал „Россија 1“.
„Претседателскиот хеликоптер, всушност, беше во епицентарот на одбивањето на масовниот напад на непријателските беспилотни летала“, рече Дашкин. Според него, нападот бил успешно одбиен, а руската армија целосно ја обезбедила безбедноста на претседателот.
A helicopter with Putin on board during his visit to the Kursk region found itself at the epicenter of repelling an attack by Ukrainian UAVs.
— Clash Report (@clashreport) May 25, 2025
Source: RIA Novosti pic.twitter.com/aXRJXHYwNf
На 20 мај, Путин ја посети Курската област, каде што одржа состанок со раководителите на локалната самоуправа и волонтери и го посети градилиштето на нуклеарната централа Курчатов.
За време на посетата, тој нагласи дека е целосно информиран за безбедносната состојба во регионот, бидејќи редовно добива известувања од владата, вооружените сили и разузнавачките служби за сè што се случува. Тој ги осуди, како што рече, „криминалните дејствија на Украина“ и нареди итна реконструкција на оштетената инфраструктура.