Јужноафриканскиот претседател до Трамп: „Жал ми е, немам авион да ви дадам“

Макфакс

22/05/2025

18:56

356

Големина на фонт

а а а

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса вчера му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека жали што нема авион да му го даде.

„Жал ми е, немам авион да ви дадам“, рече Рамафоса во Овалната соба.

„Би сакал да имаше. Јас би го земал“, рече Трамп. „Доколку вашата земја понуди авион на американските воздухопловни сили, јас би го прифатил“, одговори Трамп, пренесуваат светските медиуми.

Размената, според написите, се случи откако Катар му подари на Трамп луксузен авион 747 за употреба како „Ер Форс Уан“.

Пентагон официјално објави дека авионот е примен токму кога Трамп бил домаќин на Рамафоса.

Подарениот авион, чија вредност се проценува на 400 милиони долари, покрена прашања за етиката и законитоста, и кај републиканците и кај демократите.

Кога еден новинар го прашал за авионот, Трамп го нарекол новинарот „идиот“.

„Вие сте навистина, знаете, ужасен новинар. Го немате што е потребно за да бидете новинар, не сте доволно паметни“, му одговорил Трамп.