Американската актерка Никол Кидман доживеа непријатност со периката на доделувањето на наградите „Kering Women in Motion Awards“ на Канскиот филмски фестивал, по што стана предмет на коментари.
Иако на прв поглед изгледа дека сè било во ред, обожавателите забележале дека нејзината перика била премногу повлечена назад и поради ова, разликата помеѓу нијансата на бојата на периката и нејзината коса била јасно видлива.
„Зарем нема фризер кој се грижи таа да изгледа беспрекорно пред да се појави на вакви настани?“, „Грешките им се случуваат и на најдобрите. Таа е преубава без разлика на сè“, „Ова е толку очигледно“, беа само дел од коментарите.
И покрај сè, Кидман изгледаше гламурозно во црвениот чипкаст фустан на Баленсијага. Изгледот го надополни со едноставна шминка, часовник и прстен.
Инаку актерката одамна е позната по експериментирањето со перики. Меѓу другото, таа носеше боб фризури и кадрици, менувајќи ја нијансата на бојата на косата во речиси секој филм.
Исто така неодамна привлече внимание на Мет Гала со својата многу кратка фризура, а многумина помислија дека навистина ја скратила косата.