Лампард по шокот во плејофот за влез во Премиер лигата: Противникот не заслужи да игра во финалето

Дерби

14/05/2025

13:51

3.332

Големина на фонт

а а а

Сандерленд вчера постигна гол во 122. минута и на тој начин избори место во финалето на плејофот во англискиот Чемпионшип, а целата ситуација се претвори во големо разочарување за Ковентри и неговиот менаџер Френк Лампард.

Прославениот англиски фудбалер не криел дека е шокиран од епилогот на реваншот од полуфиналното соочување и смета дека противникот не заслужил да се избори за финалето на „Вембли“.

– Мојата најважна емоција во моментов е гордоста за начинот на кој момците ги одиграа двата натпревара.

– Му честитам на Сандерленд, тие одат во следната фаза, но ние бевме подобар тим во двомечот. Тие не заслужија да изборат финале, – рекол Лампард.

Сандерленд ќе се бори за враќање во Премиер лигата во дуел со Шефилд Јунајтед.