Јамал ги „поздрави“ Белингам и Рамос по новата „Ел Класико“ доминација на Барса

Дерби

12/05/2025

11:43

1.808

Големина на фонт

а а а

Барселона издоминира на сите четири „Ел Класико“ пресметки кои ги одигра оваа сезона, а вчера го пронајде патот до победа и во ситуација кога губеше со 0:2.

Тимот на Ханси Флик реагираше експресно и до крајот на првиот дел постигна четири голови во мрежата на Тибо Куртоа, за на крајот да победи со 4:3 и да направи важен исчекор кон титулата во Ла Лига.

Ламин Јамал беше еден од иницијаторите на големиот пресврт и тинејџерот го постигна голот за 2:2, а како еден од најсреќните по крајот на мечот, најде време да им фаќа сеир на Џуд Белингам и Серхио Рамос.

Јамал очигледно ги следел сите случувања на социјалните мрежи по елиминацијата која ја доживеа Барса од Интер во Лигата на шампиони, бидејќи токму Белингам и Рамос ставија „лајк“ на објава на Бастони во која стоперот на Интер го славеше пласманот во финалето.

На објавата, Ламин беше во подредена улога, па неколку дена подоцна, Јамал им испрати порака на Белингам и Рамос да стават „лајк“ и на неговиот најнов пост посветен на големата „Ел Класико“ победа.

– Ставете лајк и тука…