Томас Франк прецртал една ѕвезда од нападот, Тотенхем подготвен да загуби 30 милиони фунти

Дерби

01/07/2025

12:14

396

Големина на фонт

а а а

Тотенхем освои историска титула во Лигата на Европа и оствари успех каков што не успеаја елитни имиња како Покетино, Мурињо и Конте, но тоа не му ја загарантира менаџерската позиција на Анге Постекоглу.

Газдата Даниел Леви реши да се раздели со Австралиецот и да отпочне еден сосема нов фудбалски проект, во кој главен човек ќе биде Томас Франк.

Досегашниот предводник на Брентфорд веќе позираше со новите клупски обележја и е предодреден за тренер кој треба да направи мини револуција во тимот на „петлите“, а како што стојат работите, Данецот ќе жртвува и една од големите ѕвезди во нападот.

Како што информира „Сан“, новиот менаџер ја прецртал бразилската фудбалска ѕвезда Ришарлисон, напаѓач кој беше доведен за 50 милиони фунти од Евертон, но кој сега ќе биде продаден за значително помала сума.

Франк го информирал Ришарлисон дека најдобра опција за него е да си пронајде нова средина, а Тотенхем како клуб е свесен дека ќе претрпи голема загуба при продажбата.

„Петлите“ се подготвени да го продадат Бразилецот за 30 милиони фунти помалку од вложеното пред три години, бидејќи пазарната цела на напаѓачот сега се проценува на 20 милиони фунти.