Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип, уништена електричната инсталација

Нетпрес

11/05/2025

16:54

1.987

Големина на фонт

а а а

Во штипската модуларна болница е регистриран нов вандализам од страна на непознати сторители.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека непознати сторители ја саботирале електрична инсталација со цел да предизвикаат пожар во објектот.

Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип!


Во изминатиот период, модуларната болница во Штип...

Posted by Vladko Zahariev on Sunday, May 11, 2025

-Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар. Дополнително, овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар, пишува тој.

Директорот истакнува дека станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција.