Сколс „знае“ кој ќе го освои трофејот во Лига Европа

Дерби

09/05/2025

13:31

921

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе водат битка за трофејот во Лига Европа и тоа откако во полуфиналните соочувања остварија по две победи против Атлетик Билбао и Бодо Глимт.

„Црвените ѓаволи“ и „петлите“ имаат катастрофална сезона во Премиер лигата, но во Европа покажуваат друго лице и тоа го потврдија во полуфинланата рунда во која Јунајтед со реши Билбао со 7-1, а Тотенхем најдобриот норвешки тим со 5-1.

Финалето во Баскија е да се биде или не за двете екипи затоа што освен што се освојува трофеј се добива билет за Лигата на шампионите, па дефинитивно ќе биде супер интересно на 21 мај на „Сан Мамес“.

Легендарниот Пол Сколс даде прогоноза околу победникот за кој смета дека ќе биде Јунајтед.

- Не велам дека Јунајтед дефинитивно ќе победи, но историјата ми кажува дека имаат одлична шанса. Знаеме дека Спарс ги победија три пати оваа сезона и тие се навистина добар тим. Ми се допаѓа Тотенхем. Ако ги гледаат првите 70 минути [од реваншот на Јунајтед против Билбао], Тотенхем ќе мислат дека имаат добра шанса. Но, само размислувам за историјата на овој клуб. Понекогаш е речиси како Реал Мадрид, тие не можат да играат добро, а сепак да освојуваат купови.

- Едноставно чувствувам дека шансите се малку во корист на Јунајтед. Но, мислам дека Тотенхем е добар тим кога има свој ден. Мислам дека историјата и искуството на клубот ќе ги доведат до победа. Навистина ми се допаѓа Анге и мислам дека има добар тим, но јас едноставно го фаворизирам Манчестер Јунајтед, - порача Сколс.