Тренерот на Миовски има проблеми со здравјето, нема да го води тимот со Вилјареал

Дерби

09/05/2025

14:23

350

Големина на фонт

а а а

Џирона игра сосема спротивна сезона од минатата и од клуб кој избори пласман во Лигата на шампионите сега стравува за опстанокот во елитната шпанска конкуренција.

Со триумфот над Мајорка во минатото коло, клубот од Каталонија сепак си направи простор и има плус шест во однос на Лас Палмас која е последната екипа под цртата, ама има уште четири рунди до крајот и се отворено што значи дека му се потребни бодови на тимот на нашиот Бојан Миовски.

Овој викенд Џирона ќе го пречека Вилјареал, меч на кој домаќините нема да можат да сметаат на тренерот Мичел Санчез. Санчез има проблеми со здравјето и е хоспитализиран, односно некое време ќе мора да биде под медицински надзор.

Информацијата ја соопшти клубот по што се огласи и самиот Мичел кој посочи дека веќе подобро се чувствува и ги брои деновите за да се врати на работа и помогне во борбите до крајот на сезоната.

Порача дека е убеден дека групата ќе даде се од себе и ќе го направ горди навивачите. Џирона до крајот има мечеви со Валјадолид, Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.